Дома Топ вести Мурињо прави реконструкција во средниот ред, сигурни се само Матиќ и Погба: Ова се метите!

Мурињо прави реконструкција во средниот ред, сигурни се само Матиќ и Погба: Ова се метите!

Веќе го има фудбалерот на Арсенал, ќе се обиде да доведе уште еден поранешен фудбалер.

За напад кон Лигата на Шампионите, но и англиската титула, на Јунајтед му треба повеќе. Жозе Мурињо размислува за засилувања за лето, едно е Месут Озил, но од другата страна, на Португалецот му е потребен командант во средниот ред. Кога тоа го велиме, мислиме на креатор на играта кој дополнително би го растеретил Погба.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Tајмс“ кој не се бави со сензационализам тврди дека Мурињо го сака Фабрегас, кој го доведе и од Барселона. Шпанецот остана во Челзи и покрај многуте шпекулации, сега игра по заминувањето на Матиќ, но Мурињо верува дека тие двајца можат да играат заедно.

Покрај тоа, се пишува дека тренерот на Јунајтед е незадоволен од Михтарјан, дека и покрај одличните игри, Ерменецот нема констација за Премиер лигата, има проблеми и во дуелите, но и со дефанзивните задачи, па поради тоа на ред е мешање на картите во средниот ред.

Керик е веќе минато, сигурни се само Матиќ и Погба, дури и Ерера не е она што го очекуваше Мурињо од него, па би можеле да видиме комплетна реконструкија во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…