Манчестер Јунајтед синоќа рутински го совлада Базел во Лигата на шампиони, но го загуби Пол Погба.
Пол Погба мечот со Базел го започна со капитенската лента на раката, но на теренот остана нецели 20 минути и мораше да биде заменет поради повреда.
„Искуството ми говори дека се работи за повреда на мускулот. Мислам дека неколку недели нема да биде во тимот“, потврди Жозе Мурињо.
Во наредниот период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Евертон, Бартон Албион, Саутемптон, ЦСКА Москва и Кристал Палас.