Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека на дербито со Ливерпул гледа како на обичен натпревар и не се подготвува специјално за утрешниот меч на „Енфилд“.
„Специјалниот“ призна дека на „Енфилд“ има одлично атмосфера и дека е убаво да се игра против Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ги разбирам емоциите и традициите на фановите, но јас гледам професионално на овој меч. Уште од почетокот им кажав на играчите дека секој натпревар е важен, дека секој бод е важен. Нема натпревари кои се поважни од другите. Вистина дека ќе биде тешко за нас на овој меч, но ќе биде тешко и за нив“, изјави Мурињо.
„Задоволство е да се игра на Енфилд. Одиме да играме против голем клуб, со голема традиција, на неверојатен стадион. Среќни сме што можеме да играме во такви прекрасни околности“, додаде Португалецот, а потоа беше запрашан за формацијата, дали ќе биде дефанзивна.
„Ќе играм со еден дефанзивец и деветмина напаѓачи, па немојте да се секирте за тоа. Ќе излеземе со нова формација – со само еден човек назад“.
The #MUFC manager jokes about his tactics for tomorrow's game… pic.twitter.com/3muHsaVmSl
— Manchester United (@ManUtd) October 13, 2017