Дома Трансфер зона Мурињо најде „идеално“ засилување во Франција

Мурињо најде „идеално“ засилување во Франција

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за десното крило на Лил, Никола Пепе, пренесуваат англиските медиуми.

Скаути на „црвените ѓаволи“ веќе подолго време ги следат настапите на 23-годишниот Африканец, па се очекува од „Олд Трафорд“ да испратат понуда уште во јануари.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Интерес за Пепе ова лето имаше од страна на Севиља и Арсенал, кој дури испрати конкретна понуда од 12 милиони фунти, но беше одбиена од страна на францускиот клуб.

Африканецот има 18 гола и 8 асистенции во 43 официјални настапи за Лил, откако во 2017 година пристигна од Анже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…