Според последните информации кои ги пренесуваат англиските и шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за фудбалерот за врска на „кралевите“.
Жозе Мурињо има силна желба на „Олд Трафорд“ да го види 25 годишниот Бразилец, Касемиро и наводно Португалецот е спремен да му понуди и плата од 325.000 евра неделно, колку што заработува и Пол Погба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Касемиро одби богата понуда и од тимот на ПСЖ, па поради тоа се очекува да ја одбие и оваа од Јунајтед.
Оваа сезона Касемиро за Реал Мадрид одигра 13 натпревари и постигна два погодоци, неговиот договор со „кралевите“ има важност до 2021 година.