Дома Фудбал Англија Мурињо за трансферот на Роналдо: Мадрид гори, јас нема да додавам масло на огнот!

Мурињо за трансферот на Роналдо: Мадрид гори, јас нема да додавам масло на огнот!

Жозе Мурињо на денешната пресконференција ги коментираше гласините за евентуален трансфер на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед, и тоа го направи во свој стил.

Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Роналдо не е среќен во Реал и дека може да се врати на „Олд Трафорд“, а Мурињо иако декларативно изрази почит кон Реал сепак го „пецна“ својот поранешен клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Со оглед на тоа што му се случува на Реал Мадрид, јас сум последниот кој трбеа да додава масло. Мадрид гори, резултатите не се добри. Но тоа е клуб каде што работев три години и клуб кој се уште ми е драг. Па мислам дека не треба да додавам масло во огнот”, истакна Мурињо и додаде:

„Наместо тоа, ќе фрлам вода, и ќе кажам дека Роналдо е играч кој секој менаџер, и секој клуб би сакал да го има, но само еден тренер и еден клуб можат да го имаат и тоа се Зидан и Реал Мадрид. Тоа е моето мислење”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…