Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, на „Олд Трафорд“ има намера да го доведе својот сонародник Андре Гомеш, кој зад себе и нема брилијантна сезона во Барселона.
Иако се споменуваше дека Гомеш би можел да ја напушти Барселона, се е посигурно дека тоа нема да се случи, а во корист оди тоа што Барселона ја одби понудата на Манчестер Јунајтед.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Како што пишуваат британските медиуми, Манчестер Јунајтед испратил понуда од 35 милиони евра до клубот од „Камп Ноу“, но таа понуда не беше исполнета со одобрување.
Гомеш минатата сезона во дресот на Барселона одигра вкупно 47 натпревари и постигна три гола со три асистенции.