Португалецот пронајде идеално решение.
Иако во овој момент не е познато во кој преоден рок Мурињо е спремен го доведе, едно е јасно, Серхио Роберто би бил огромно засилување за „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер во Барселона покрива неколку позиции на теренот и тоа секоја на највисоко можно ниво. Сепак, тој не е доволнот ценет во Барселона, Луис Енрике претходно и сега Валверде, скоро во секој нов натпревар му даваат нова улога и сигурно дека младиот фудбалер не е задоволен со овој третман.
Негова желба е позицијата централен играч за врска, но токму таму доби најмалку прилика да се покаже.
Како и да е тој добро се снаоѓа на сите позиции, па за Мурињо би бил и тоа како вреден. Роберто има откупна клазула од 37.5 милиони фунти и таа сума Јунајтед лесно би можел да ја плати, па сега веројатно се останува само на фудбалерот.