Дома Трансфер зона Мурињо го сака напаѓачот на Бодо кој и даде три гола на Рома

Мурињо го сака напаѓачот на Бодо кој и даде три гола на Рома

Бодо Глимт се покажа како нерешлива енигма за Жозе Мурињо и Рома, а сега италијанските медиуми пишуваат дека „волчицата“ може да доведе засилување токму од овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации Рома покажала интерес за Ерик Ботхајм и ќе се обидат да го доведат во своите редови. Ботхајм беше фантастичен во двата натпревари против Рома во кои имаше вкупно три гола и три асистенции. Бодо прво ја декласираше Рома со 6:1 во Норвешка, а потоа одигра 2:2 дома во Италија.

Договорот на Ботхајм со норвешкиот тим истекува на крајот на 2022 година и поради тоа клубот не би можел да бара преголема сума. Покрај Рома името на Ботхајм се поврзуваше и со градскиот ривал на „волчицата“, Лацио.

Оваа година Ботхајм има 19 гола и девет асистенции на 39 натпревари, а во клубот пристигна во февруари од редовите на Розенборг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…