Жозе Мурињо ја искритикува трансфер политиката на неговите претходници, особено на Ван Гал кој продаде неколку фудбалери за кои „Специјалниот“ вели дека никогаш не би ги продал.
„Кога пристигнав, јас најдов тажен клуб. Манчестер Јунајтед продаде играчи кои што јас никогаш не би ги продал, но исто така и купи играчи кои што јас никогаш не би ги купил. Јас никогаш не би продал играчи како Ди Мариа, Чичарито и Велбек. Никогаш, нема шанси“, изјави Мурињо.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
„Мислам дека Манчестер Јунајтед е многу моќен клуб и не мислам дека клубот мора да игра во Лигата на шампионите за да ги привлече најдобрите фудбалери. Ние минатото лето купивме фудбалери кои што можеа да играат во Лигата на шампионите. Златан можеше да биде во Париз, Хенрик во Борусија, а Пол во Јувентус. Сепак, ги привлековме затоа што тие знаеа дека Јунајтед порано или подоцна ќе игра во Лигата на шампионите“, порача Мурињо.