Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.
Англиските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се врати во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сериозен интерес за Ди Марија покажува Тотенхем, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Мурињо одлично ги познава неговите квалитети и сака да го донесе во неговиот тим, но сепак се ќе зависи од новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино.
Ди Марија веќе има 32 години, но има понуди од многу клубови ширум Европа бидејќи игра на високо ниво.