Поранешниот играч на Челзи, а сега член на Бурнмаут, Наитан Аке се поврзува со трансфер во англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Приоритет на Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок ќе биде да ја засили последната линија од тимот, а токму Аке е една од неговите најголеми желби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека работеше во Челзи, Мурињо соработуваше со Аке и добро го познава, но тогаш 23-годишниот стопер воопшто не добиваше шанса, па мораше да го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Во Бурнмаут пружа одлични партии и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Премиер лигата. „Специјалниот“ сака да го примени истиот метод како со Лукаку, кого го избрка од Челзи, а сега го донесе во Манчестер Јунајтед.
Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Аке силен интрес покажува и Тотенхем.
Manchester United and Tottenham are ready to do battle in the race to sign Bournemouth defender Nathan Aké. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/Dop8OBgJf1
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 9, 2018