Како што сега стојат работите, Антоан Гризман ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.
Гризман минатото лето беше мета на многу клубови, но одлучи да остане во Атлетико бидејќи шпанскиот клуб поради суспензијата не можеше да доведува нови фудбалери. Сепак, суспензијата на „јорганџиите“ истакува на почетокот на 2018 година, а шпанските медиуми шпекулираат дека Гризман веќе во јануари би можел да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако голем интерес за Гризман покажа Манчестер Јунајтед неодамна се појави и информацијата дека Барселона сака да го доведе веќе во јануари.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона и Атлетико Мадрид веќе успеале да го договорат овој трансфер и Гризман би требало да потпише договор на пет години според кој би заработувал 20 милиони евра годишно.
Сепак, овие информации не се потврдени, но треба да се напомене дека доаѓаат од реномиран медиум како „Мундо Депортиво“.