Доколку можеме да му веруваме на медиумит кој важи за неофицијално гласило на Барселона, „Мундо Депортиво“ Каталонците го обезбедиле потписот на талентираниот фудбалер на Ајакс.
Според „Мундо Депортиво“ нов фудбалер на каталонскиот гигант ќе стане Франки Де Јонг. 20 годишниот фудбалер не би преминал веднаш во редовите на новиот шампион на Шпанија, туку во 2019 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Јонг со настапите за Ајакс привлече големо внимание посебно голем интерес за неговите услугите покрај Барселона покажуваше и Манчестер Јунајтед.
Младиот фудбалер заедно со Артур од Гремио (официјално потврден) би можеле да претставуваат вистинско освежување во средниот ред на Барселона.
Оваа сезона за тимот на Ајакс тој настапи на 26 натпревари и неговата цена на трансфер пазарот изнесува околу седум милиони евра.