Дома Фудбал Германија Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, а кога ќе изгубиме „мајмуни“

Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, а кога ќе изгубиме „мајмуни“

Mладиот германски репрезентативец, Јусуфа Мукоко ги осуди расистичките навреди упатени кон него и Џесик Нганкаму откако двајцата промашија пенали во вчерашниот натпревар против Израел на Европското првенство до 21 година кој заврши 1:1.

„Ако победиме сме Германци, когаќ е ќе изгубиме тогаш не нарекуваат мајмуни. Џесик беше навредуван, јас бев навредуван…Таквите работи едноставно не се добри за фудбалот“, изјави 18-годишниот Мукоко кој е роден во Камерун, а е член на Борусија Дортмунд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не промашуваме намерно, се обидуваме да помогнеме на екипата. Кога ќе добиете такви пораки, тоа е одвратно“, истакна Мукоко кој не се сретна првпат со расистички испади насочени кон него и соиграчите.

Во одбрана на своите играчите застана и селекторот на Германија, Антонио Ди Салво.

„Мора да постои казна. Ова е апсурдно. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, кои се Германци и кои даваат се за оваа земја. Било каков расизам и дискриминација е навистинса ниско ниво, тоа не е прифатливо“, изјави Ди Салво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ниту ФИФА не верувала дека Македонија сезонава ќе има ВАР! (Видео)

До пред година дена беше незамисливо! А сега е реалност – ВАР во македонскиот фудбал…