Еминентниот француски весник „Екип“ пренесува дека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лион, Набил Фекир.
„Екип“ тврди дека „кралскиот“ клуб го сака Французинот уште во јануари и веќе спремил понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фекир беше пред трансфер во Ливерпул ова лето, но зделката неочекувано пропадна во последен момент, откако „црвените“ се откажаа поради загриженоста за неговата физичка состојба.
Меѓутоа, офанзивниот играч за врска оваа сезона продолжи со одличните партии и постигна голови во последните 3 натпревари, а беше клучен играч во победата над Манчестер Сити.
Во Реал Мадрид сметаат дека Фекир би бил идеално засилување, особено поради фактот што на Лопетеги му се потребни играчи за ротација.
Лион е подготвен да започне преговори за негов трансфер, а медиумите тврдат дека Реал веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.
Real Madrid want to sign Nabil Fekir from Lyon, whose £52m move to Liverpool fell through this summer. (Source: L'EQUIPE) pic.twitter.com/xuM1jLCHLk
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 25, 2018