Дома Фудбал Му здодеа – Колумбиецот со ултиматум до „кралевите“!

Му здодеа – Колумбиецот со ултиматум до „кралевите“!

Популарниот фудбалер од Колумбија постави ултиматум до Реал Мадрид, а ќе видиме како управата на шпански клуб ќе реагира во наредниот период.

Хамес Родригез е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а најмногу со интересот за неговите услуги се истакна Манчестер Јунајтед. Милан исто така беше во конкуренција, но Колумбиецот ја одби понудата од италијанскиот гигант, а нема ниту желба да се пресели во Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, тој има желба да замине бидејќи не верува дека во екипата на Зинедин Зидан би добил поголем простор за игра.

„Дон Балон“ денес пренесува дека Родригез поставил ултиматум до Реал Мадрид и истакнал дека сака поголема плата за да остане во Мадрид, барем сумата која му ја понуди Манчестер Јунајтец.

Неговата цена е околу 52 милиони фунти, што е сума која во овој момент веројатно би ги задоволила апетите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи Донарума по страшната повреда на Мусиала: „Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување“.

Страшната повреда на Џамал Мусиала ја засени четвртфиналната средба на Светското клупско п…