Алваро Мората на лето би можел да се врати во Италија, бидејќи интерес за него покажува Милан.
Мората има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2024 година, па на лето би можел да го напушти клубот за 15 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан е во потрага по напаѓач, бидејќи Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, а Ориги не ги задоволи очекувањата.
Мората во Италија на двапати го носеше дресот на Јувентус по две години, па одлично го познава италијанскиот фудбал.
Токму поради тоа, а и ниската цена, Милан е спремен наскоро да стапи во контакт со неговиот агент, а самиот Мората сака да се врати во Италија.