Дома Фудбал Италија Мората: Критиките не ме лутат, но ме вознемируваат

Мората: Критиките не ме лутат, но ме вознемируваат

Шпанскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Алваро Мората не ја започна баш најдобро сезоната во Јувентус со кој има договор за позајмица до јуни наредната година.

Јувентус ноемврската репрезентативна пауза ја дочека на осмото место на табелата со само 18 бодови после 12 натпревари и тоа е доволно да се вклучи алармот во Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Под голем притисок сме. Можеби луѓето зборуваат за мене затоа што ми истекува позајмицата, но кога не си господар на својата судбина единствено што ти преостанува е да си ја работиш работата“, изјави Мората за „Ел Паис“.

Порача дека него и соиграчите не би требало да ги гледаат како машини.

„Знам што се бара од мене. Критиките не ме лутат, иако ме вознемируваат, омразата е нешто што не е во ред“, изјави шпанскиот напаѓач кој сезонава постигна само четири гола.

Мората пред година ипол пристигна на двегодишна позајмица во Јувентус со право на откуп на крајот на оваа сезона. Ако сака Јувентус да го откупи ќе мора на Атлетико да му доплати 35 милиони евра и како што стојат работите во овој момент тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…