Италијанскиот фудбалер, Клаудио Маркизио се уште е без клуб.
Тој пред неколку дена се прости од Јувентус, клубот во кој ја мина целата досегашната карисра, па сега е во потрага по нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми изминативе денови известуваа дека тој е блиску до преминување во Монако, но Кириере ди Торино пренесува дека од тоа нема да има ништо, туку дека Маркизио ќе бира помеѓу Спортинг Лисабон и Зенит.
Како што се наведува, овој играч за врска е многу блиску до Спортинг, доколку новиот тренер на клубот стане неговиот сонародник Клаудио Раниери. Освен тоа, и Зенит е една од најизгледните опции, а како што се наведува заинтересирани се Реал Бетис и Сивиља.
Освен тоа, се споменува и заминување во американската МЛС лига, бидејќи заинтересирани се Монтреал Импакт и Њу Јорк, но засега Спортинг и Зенит се две најверојатни опции и Маркизио и веројатно ќе бира помеѓу овие два клуба.