Реал Мадрид наводно е спремен на екипата на Тотенхем да и понуди тројца фудбалери во замена за Хари Кејн.
Фантастичниот напаѓач на Спарсите во овие моменти без сомневање е еден од најдобрите фудбалери во светот. Погодок постигнува скоро во секој натпревар, а после одличните настапи интерес за него покажа Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на шпанскиот медиум „Diario Gol“, управата на Реал е спремна на „петлите“ да им понуди фантастична размена.
Наводно, место понуда од 180 милиони фунти, претседателот Флорентино Перез на Тотенхем му нуди тројца фудбалери и тоа Герет Бејл, Карим Бензема и Лука Модриќ.
Меѓутоа, овие информации секако треба да се земат со голема доза на резерва. Такво нешто би било навистина невидено во светот на фудбалот, а изворот кој ја пренесуваа оваа информација баш и не е премногу доверлив.
Кејн во овој момент има договор со Тотенхем до 2022 година и токму тој е еден од фудбалерите кои би можеле да го срушат рекордот на Нејмар кој за 222 милиони премина во ПСЖ.