На Флорентино Перез не му оспеа планот на создаде Суперлига, но ова лето спрема големи засилувања за Реал Мадрид.
Шпанските медиуми се сигурни дека Реал ќе биде исклучително активен на трансфер пазарот и дека неколку големи ѕвезди ќе пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засилувањата веќе започнаа. Одбраната ќе ја засили Дабвид Алаба, кој ќе пристигне како слободен агент од Баерн Минхен.
На средината на теренот би требало да пристигне Едуардо Камавинга од Рен, и според последните информации преговорите се во напредна фаза.
Најголема реконструкција ќе доживее нападот, каде треба да пристигнат двете најголеми млади ѕвезди, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Перез сака да ги донесе двајцата во „пакет“ и наводно веќе спремил голем буџет за двата трансфери.