Барселона изминатите месеци беше главен кандидат за доведување на холандскиот стопер Матијас Де Лихт.
Овој 19 годишен фудбалер на Ајакс го привлече вниманието на европските гиганти, а Барселона важеше како фаворит за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Каталонците барем засега не успеаа да го доведат. Менаџерот Мино Раиола со своите барања направи проблем, а во меѓувреме во трката се вклучија Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Двата тима се спремни да ги исполнат сите барања на контроверзниот агент, но сега се вклучува нов клуб и тоа не било кој.
Како што тврди „Мундо Депортиво“, Реал Мадрид се вклучил во трката за потписот на овој фудбалер. Според информациите на овој реномиран шпански медиуми, во Реал после најавите за можното заминување на Рамос ќе се обидат да го доведат Де Лихт.
Претседателот на клубот Флорентино Перез јасно истакна дека нема намера да го пушти Рамос ако не најде негова вистинска замена и ако не ја добие сумата која ја бара.
Клубовите од Кина кои го сакаат Рамос сигурно можат да понудат голема сума, а ако успеат во тоа Де Лихт би можел да го замени.
Фантастичниот фудбалер многу пати истакнуваше дека може да заигра за Барселона. Сепак, желбата е една, а реалноста други и шпанскиот шампион на крајот би можел да остане без талентираниот стопер. Ако навистина се случи да го избере Реал, тоа би било голем удар за Барселона.