Дома Фудбал Модриќ: Ова беше најтешката недела во мојот живот!

Модриќ: Ова беше најтешката недела во мојот живот!

Реал Мадрид проживеа катастрфална седмица во која беше елиминиран од сите важни натпреварувања.

После елиминацјата од Купот на кралот, за Реал Мадрид следуваше шокантен пораз од Ајакс и елиминација во осминафиналето од Лигата на шампиони, иако во првиот меч победи во Амстердам со 2:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во последните седум дена „кралевите“ доживеаа три тешки порази на „Сантијаго Бернабеу“. Најпрво Барселона ги елиминира од Купот со победа од 3:0, а потоа Каталонците ги отпишаа „кралевите“ од битката за титулата во Примера со победа од 1:0.

Елиминацијата од Ајакс во осмина-финалето од фудбалската Лига на шампионите беше врвот на неуспесите на момците на Солари, па Лука Модриќ со право истакна дека ова била најтешката недела во неговата кариера.

„Ова е најтешка недела во мојот фудбалски живот. Но, успехот не е во тоа никогаш да не паднеш, туку да станеш секогаш кога тоа ќе се случи“, порача хрватскиот капитен на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ТРАМПА НА ГОДИНАТА: Јувентус и Наполи разменуваат две големи ѕвезди!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи и Јувентус би можеле да разменат две го…