Најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Лука Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид уште во зимскиот преоден рок, тврди „Газета дело Спорт“.
Хрватскиот репрезентативец цело лето беше поврзуван со трансфер во Интер, но на крајот остана на „Сантиаго Бернабеу“. Сепак, 33-годишниот плејмејкер не е повеќе среќен во Мадрид и сака нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, весникот тврди дека Модриќ не е задоволен од начинот на игра на тренерот Лопетеги, а втората голема причина е што претседателот Перез не го исполни ветувањето и не му понуди нов договор.
Сето ова влијае на играта на Хрватот оваа сезона, кој не е на нивото на претходните сезони и веќе го известил својот агент дека сака трансфер во јануари.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер внимателно ја следи ситуацијата и дека спремна нова офанзива во зимскиот преоден рок.
Real Madrid midfielder Luka Modric is reportedly "sad" at the Bernabeu.
Could he soon be on the move?
It's the gossip? https://t.co/nneJh7l2sp pic.twitter.com/jciDEGW17d
— BBC Sport (@BBCSport) October 13, 2018