„Марка“ објави интервју со Лука Модриќ во кое помеѓу другото капитенот на Реал Мадрид зборуваше и за Герет Бејл.
Бејл во овој преоден рок се врати во Тотенхем откако во Реал ја изгуби довербата од Зидан. Велшанецот констатно беше мета на критики на шпанските медиуми и навивачите на Реал, а Модриќ смета дека тоа било претерано и нефер кон Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Голем дел од кариерата поминавме заедно. Четири години во Тотенхем и седум во Реал. Герет е спектакуларен играч на теренот, надвор од него е срамежлив како мене. Тоа што во последните години се зборуваше за него е ужасно и не беше фер. Цело време беше на удар, напади и критики, но она што тој го даде за Реал е импресивно. Секогаш ќе го паметам по она што го направи за клубот. Лага е дека имаше проблем во соблекувалната и дека не знаел шпански. Го зборуваше и тоа многу добро, само што не сакаше да дава интервјуа. Таков е неговиот карактер. Сум разговарал со него и најважно му е неговите пријатели и соиграчи да ја знаат вистината“, изјави Модриќ.