Дома Фудбал Останато Модриќ зборуваше за новиот договор и го „пецна“ Мбапе

Модриќ зборуваше за новиот договор и го „пецна“ Мбапе

Лука Модриќ постигнал вербален договор да ја продолжи соработката со Реал Мадрид после финалето во Лигата на шампионите.

Зборувајќи за шпанските медиуми, хрватскиот фудбалер го „пецна“ Килијан Мбапе, за кој многумина тврдат дека го измамил Реал Мадрид. Тој наводно им ветил дека ќе дојде, но на крајот потпиша нов договор со ПСЖ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се уште не сум го продолжил договорот со Реал Мадрид. Сепак, нема да го правам тоа што го направи Мбапе и се надевам дека клубот нема да ми го направи тоа мене“, низ смеа изјави Модриќ.

Модриќ очигледно е максимално опуштен бидејќи многу брзо ќе добие нов договор. Тоа ќе биде многу поскромен финансиски, но парите веќе не се важни и многу е можно Модриќ да ја заврши кариерата во Реал.

Хрватскиот фудбалер освои апсолутно се што можеше во дресот на кралскиот клуб, а Реал му овозможи да ја понесе титулата најдобар светски фудбалер во 2018 година. Вкупно за Реал Модриќ одигра 435 натпревари и постигна 31 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…