Фудбалерите на Реал Мадрид уште еднаш ги разочараа своите навивачи оваа сезона со вчерашниот пораз од Рајо Ваљекано 1:0.
На ударот на шпанската јавност посебно на реномираниот весник „Марка“ најмногу се најде хрватскиот играч за врска Лука Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пишува дека Модриќ веројатно го одиграл најлошиот натпревар од кога дојде во Реал, а стигна сега веќе во далечната 2012 година. И за сите изминати години веројатно не доживеал вакво понижување – на крајот остана неоценет, иако одигра 74 минути.
„Јасно се виде колку Модриќ не се снаоѓа во отворен натпревар. Изгуби низа топки и дуели, а посебно се истакнуваат три ситуации кога директно топката ја предаде на ривалот. Не можеше да го издржи притисокот на Ваљекано“, стои во извештајот на „Марка“.