Дома Трансфер зона Модриќ бил блиску до Милан, но се пропаднало пред неколку недели

Модриќ бил блиску до Милан, но се пропаднало пред неколку недели

Поранешниот спортски директор на Милан, Звонимир Бобан наводно бил многу блиску до реализација на трансферот на неговиот сонародник Лука Модриќ.

„Марка“ тврди дека Лука Модриќ многу лесно можел да го напушти Реал Мадрид и да премине во Милан ако Бобан останел спортски директор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанскиот медиум истакна дека Бобан и Модриќ биле блиску до постигнување на договор за соработка наредната сезона, но преговорите биле прекинати кога поранешниот хрватски репрезентативец под контроверзни околности си замина од „Сан Сиро“.

Ќе потсетиме, Бобан јавно го критикуваше работењето на претседателот на управата на Милан Иван Газидис, а тоа доведе да биде избркан на почетокот на март.

Кога е Модриќ во прашање повторно се шпекулира дека има можност да замине од Реал, а неговиот договор со „кралевите“ има важност уште една година. Откако „росонерите“ отпаднаа Модриќ најмногу се поврзува со МЛС и тимот на Бекам Интер Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…