Играчот за врска на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ во финалето на Мундијалот ќе влезе како главен кандидат за освојување на титулата најдобар играч на Светското првенство.
„Неверојатно е што оваа екипа прави, како игра и како се брои. Го заслуживме ова што ни се случува. Без оглед на тоа што ќе се случи во финалето, ова е најголем момент во историјата на хрватскиот спорт. Милијарда пати низ главата ми поминуваа мисли како го подигнувам толку посакуваниот пехар, сонував за такво нешто. Се надевам дека сега сето тоа ќе стане реалност“, изјави Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа Хрватот доби прашање дали би ги менувал титулите во Лигата на шампионите за победа во финалето.
„Без размислување, да! Би ги дал титулите во Лигата на шампионите за титула со Хрватска. Не може да се објасни што тоа би значело за овој тим. Сите четири ги менувал за овој еден со Хрватска“, одговори фудбалерот за врска.
После вакво Светско првенство, Лука Модриќ е и еден од кандидатите за освојување на Златната топка.
„Тоа ме прашуваат сите, но не се оптеретувам премногу. За мене репрезентацијата е најважна. Направивме неверојатна работа со самиот пласман во финалето“, заврши Модриќ.