Медиумите во Италија и денес пишуваат за реакцијата на Гонзало Игуаин – што ако се врати во Јувентус?
После се што се случи во дербито, Гонзало Игуаин изјави дека нема ништо против Јувентус и дека нема лоши емоции кон клубот за кој настапуваше.
Всушност, тој би можел и да се врати во Торино.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Милан нема обврска да го откупи, па „Пипита“ повторно би можел да стане член на „старата дама“.
Навивачите на Јувентус не му замеруваат на Игуаин, дури многумина од нив сметаат и дека не требаше да биде продаден, а го охрабруваа и после дербито.
Меѓутоа, низ италијанските медиуми се појави и вест дека Игуаин им се пожалил дека во Милан се чуствува помалку заштитен од судиите што предизвика многу полемика.
Некои ќе кажат дека е лицемерено, но прашање е дали овие информации се точни, но во случај денес би требало да биде казната за Игуаин, а во Милан се надеваат дека ќе пропушти само еден натпревар.