Раководството на Интер ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Хенрих Михтарјан, пренесуваат италијанските медиуми.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ веќе воспоставиле контакт со агентот на играчот, Мино Раиола и дека работат на трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо изјави дека нема ништо против Михтарјан да си замине од „Олд Трафорд“ доколку не е задоволен, но само доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи „црвените ѓаволи“.
Ecco la prima pagina di oggi: #Juventus, Max detta legge; #calciomercato, mossa #Inter #Mkhitaryan; #SerieA, rimonta #Lazio; Leggi l'edizione digitale completa ➡ https://t.co/ci4lrsRBez pic.twitter.com/pemNmPAmQH
— Corriere dello Sport (@CorSport) December 18, 2017
Сезонава Михтарјан настапи на 12 меча во Премиер лигата на кои постигна еден гол и запиша 5 асистенции, но во последно време е надвор од тимот.
Ерменецот не е ни во протоколот на последните седум натпревари на „црвените ѓаволи“, а медиумите на Островот тврдат дошло до расправија помеѓу играчот и Мурињо.