Дома Фудбал Англија Мирно спиев: Тен Хаг објасни како го „отпишал“ Роналдо

Мирно спиев: Тен Хаг објасни како го „отпишал“ Роналдо

Манчестер јунајтед гостува кај Ливерпул во дербито на колото, а тренерот Ерик Тен Хаг пред натпреварот зборуваше за различни теми, меѓу кои и Кристијано Роналдо.

Новинарите ги интересираше зошто Тен Хаг се откажал од Роналдо, кој остана без договор пред крајот на 2022 година и се пресели во Ал Наср од Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имав свои причини поради кои се откажав од Роналдо. Тие беа премногу очигледно, а свесен бев дека ќе има негативни последици за мене.

Сепак, не се грижев и спиев мирно. Јас треба да носам одлуки во интерес на клубот. Размислувавме на долг план и имавме доволно време за да донесеме конечна одлука“, кажа Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …