Српскиот фудбалер за врска, Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно почна да се поврзува со заминвуање од Лацио.
Италијанските медиуми пренесуваа дека фудбалерот влегол во конфликт со Маурицио Сари и дека никогаш не бил поблиску од заминување во Рим. Меѓутоа тие гласини беа демантирани после натпреварот против Венеција во кој Савиќ ја носеше капитенската лента.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После овој натпревар Сергеј и се огласи на социјалните мрежи, порачувајќи дека најважно за него е Лацио да победува.
„Гледам дека има многу шпекулации за мене…но не се грижам! Се што сакам јас е Лацио да победува“, порача српскиот фудбалер.