Дома Фудбал Репрезентации Милевски денес добива отказ?

Милевски денес добива отказ?

Столчето на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски сериозно се тресе, а отказ би можел да заработи уште денеска.

Бурни се реакциите на јавноста откако капитенот Стефан Ристовски се повлече од националниот дрес потврдувајќи дека една од причините е лошиот однос со Милевски.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Денес ќе се одржи седница на УО на ФФМ на која би требало да се решава иднината на селекторот. Засега повеќе веројатно е дека ќе има промена.

Неодамна српските медиуми повикувајќи се на свои извори тврдеа дека Црногорецот Миодраг Божовиќ-Гроф ќе биде новиот селектор, додека претходно се споменуваше името на Гоце Седлоски.

Најголем дел од јавноста бара заминување на Милевски поради лошите резултати, а незадоволството кулминираше со дебаклот против Англија од 7:0 на гостински терен.

Не е познато и дали ако има смена на селекторската позиција, Ристовски веднаш ќе се врати во националниот дрес. Останува да почекаме да видиме што ќе се случува денес…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан спрема понуда за Киеза

Минатото лето, Федерико Киеза направи трансфер во Ливерпул, но сега изгледа дека брзо ќе с…