Дома Фудбал Италија Милано во исчекување на „Мадонина“ – нов рекорд во Серија А

Милано во исчекување на „Мадонина“ – нов рекорд во Серија А

Милан и Интер овој викенд го играат дербито „Де ла Мадонина“, кое ќе биде историско според приходот кој ќе го остварат „нероаѕурите“ кои се домаќини.

Имено, се очекуваат 80.000 гледачи, стадионот е распордаден уште пред еден месец, а Интер ќе инкасира 4,5 милиони евра од билети, што е рекорд во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова градско дерби е единствено во светот, не само по големината на клубовите кои заедно имаат 10 европски титули, туку и поради „пријателството“.

Ривалитетот помеѓу клубовите е огромен, но не постои омраза, туку чиста фудбалска емоција.

Милано веќе една недела живее во исчекување на големот дерби, а сликите покажуваат дека во градот се е во знакот на „Мадонина“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…