Дома Фудбал Италија Милан ќе соработува со компанијата на Џеј-Зи

Милан ќе соработува со компанијата на Џеј-Зи

Италијанскиот гигант Милан потврди дека постигнал договор со компанијата на Џеј-Зи, „Рок Нејшн“.

„Росонерите“ ја опишаа оваа соработка како „уникатна“ и прва од ваков вид во фудбалот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан веќе работеше со агенцијата за време на пандемијата, кога заедно организираа средба во живо „Од Милано со љубов“, која имаше за цел собирање на средства за медицинските работници.

„Ќе создадеме нови можности заедно кои ја поврзуваат богатата историја на клубот и потенцијалот на „Рок Нејшн“ да создава културни настани“, кратко коментираа од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се отвора ли уште едно место на СП? „Не постои план Б, В или Г, тие доаѓаат“

Претседателот на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино соопшти дека смета дека Ира…