Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Ломомотив Москва започнале преговори за размена на играчи.
Локомотив Москва покажува интерес за играчот на Милан, Диего Лаксалт, па „росонерите“ се спремни да му понудат трампа на рускиот клуб.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Милан е заинтересиран за ѕвездата на Локомотив, Алексеј Миранчук и сака да ја искористи ситуацијата.
24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции и сигурно би бил големо засилување за миланскиот гигант.
Тој го привлече вниманието на многу еврпопски клубови со одличните настапи во Лигата на шампиони оваа сезона.