Спортскиот директор на Милан, Леонардо ќе има доста работа да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Леонардо веќе активно работи на нови засилувања, особено поради големиот број на повредени фудбалери. „Росонерите“ се соочуваат со големи проблеми бидејќи надвор од тимот се Ромањоли, Мусакио, Калдара, Биглиа и Бонавентура.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради сериозните проблеми во одбраната основната цел на клубот е централен дефанзивец. Италијанските медиуми тврдат дека Милан се насочил кон играчот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи.
24-годишниот дефанзивец е во немилост на Мурињо оваа сезона и добива многу мала минутажа. Милан сака да ја искористи таквата ситуација и ќе се обиде да го донесе Баи на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.
Олеснителна околност за „росонерите“ може да биде што агент на дефанзивецот е Мино Раиола, кој е во одлични односи со новото раководство на Милан.
https://youtu.be/2b7mg9LdHVw