Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајот на сезоната.
Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.
Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“ и само од почетокот на 2020 година постигна седум гола, па Милан одлучи да го откупи.
„Росонерите“ веќе почнале преговори со Ајнтрахт Франкфурт и ја дознале цената за Хрватот. Имено, гермнаскиот клуб за неговата слобода бара 40 милиони евра, а 40% од таа сума ќе заврши во Фиорентина, од каде Ребиќ се пресели во Ајнтрахт.