Приоритет на Милан на крајот на сезоната ќе биде доведување на врвен напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
Жиру е во поодминати години, Ориги има проблем со повреди, па Малдини сака да доведе млад и перскептивен напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Главна цел е младиот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Окафор постигна гол против Милан и Челзи во Лигата на шампиони, а блеска во дресот на Салцбург и во австриското првенство.
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот агент, а Салцбург е спремен да го пушти 22-годишниот напаѓач за 35 милиони евра.