Италијанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Милан до крајот на преодниот рок е плејмејкерот на Челзи, Хаким Зијех.
Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој во Зијех гледа идеален наследник за Чалханоглу.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Милан во следните денови ќе започне преговори со Челзи и се надева дека ќе договори позајмица со можност за откуп од 30 милиони евра.