Дома Трансфер зона Милан спреми понуда за Зијех

Милан спреми понуда за Зијех

Италијанскиот шампион Милан работи на трансферот на Хаким Зијех од Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“.

Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

По добрите настапи на Мундијалот, Милан повторно стапил во контакт со неговиот агент и веќе постигнале договор со Мароканецот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „Росонерите“ спремиле понуда за шестмесечна позајмица со откуп за 15 милиони евра, а Челзи е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…