Дома Трансфер зона Милан спрема понуда за Кутињо

Милан спрема понуда за Кутињо

Милан игра одлично оваа сезона и се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона.

Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април.

Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…