Един Џеко со двата погодоци во вчерашниот натпревар помеѓу Рома и Наполи стигна до бројката од 50 погодоци во Серија А.
Џеко блескаше во Неапол, постигна два погодоци, а неговата Рома стигна до победа од 2:4. По овој негов настап, денес во италијанските медиуми Џеко повторно се поврзува тимот на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ после кризата на стартот од сезоната сега изгледаат навистина одлично под водство на Џенаро Гатузо. Младиот и недоволно искусен Патрик Кутроне е прв стрелец на тимот и полека но сигурно се наметнува како прва опција во нападот бидејќи Никола Калиниќ и Андре Силва не ги исполнија очекувањата.
Искусниот Џеко кој влегува во завршниот дел од својата кариера поради тоа се наметнува како вистинско решение за Милан. Един не премина во Челзи ова лето како што се највуваше.
„Тутоспорт“ утров пишува дека директорите на Милан, Мирабели и Фасоне веќе го идентификувале Џеко како главна мета за летниот преоден рок и наводно имаат план како да гo доведат.
Милан би продал еден од Калиниќ или Силва, а можеби и двајцата со цел да дојде 30 милиони евра, сума која би ја вложил во голгетерот на Рома. Покрај тоа Милан очекува пари и од Шпанија бидејќи Виљареал многу веројатно ќе го откупи договорот на Карлос Бака.
Тука секако треба да се додаде дека Милан е тимот од детството на Џеко, токму легендата на овој клуб Андреј Шевченко е идол на Босанецот.