Иднината на Хамес Родригез е повторно актуелна бидејќи Колумбиецот ова лето готово сигурно ќе го напушти Баерн Минхен.
На Колумбиецот му истекува двегодишната позајмица со Баварците, кои имаат опција да го откупат неговиот договор од Реал Мадрид за 40 милиони евра. По медиумите се пишуваше се и сешто, дека ќе остане во Баерн, па нема, но факт е дека Ковач не го користеше премногу во тековната сезона, па со причина се сомнева дека ќе остане во Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека за Колумбиецот нема повеќе место на „Сантиаго Бернабуе“, па неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Последен кој е вклучи во трката за неговиот потпис е италијанскиот гигант Милан.
Челниците на Милан имале состанок со неоговиот агент Жорге Мендеш и веќе ги започнале преговорите. Сепак, трансферот во многу ќе зависи од тоа дали „росонерите“ ќе игаат во Лигата на шампиони следната сезона.
Интерс за Хамес покажуваат уште Наполи, Арсенал и Ливерпул, па сигурно ќе гледаме голема битка на лето за неговиот потпис.
? #Milan – Asse caldo con Jorge #Mendes: occhio all'occasione James #Rodriguez
— calciomercato.it (@calciomercatoit) April 24, 2019