Дома Фудбал Италија Милан пронајде нов спонзор, но навивачите СО ПРАВО се разочарани

Милан пронајде нов спонзор, но навивачите СО ПРАВО се разочарани

Од следната сезона, Милан нема да ги носи дресовите на Адидас и тоа по полни две децении.

Договорот на Милан со Адидас истекува на 1. јули следната година и извесно е дека тој нема да биде продолжен, па на „Сан Сиро“ веќе се бара нов производител на спортска опрема. Како што пишува италијанскиот „Calciomercato“, Милан веќе се договорил со Пума, кој следната година би требало да го облекува седмократниот европски шампион.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа, истиот извор тврди дека договорот ќе биде под сите очекувања од финансиска гледна точка. Милан од Пума годишно би требало да добие помеѓу 10 и 15 милиони евра, што е мала цифра кога ќе се поглдне колку пари добиваат некои други европски гиганти. Споредено, Манчестер Јунајтед од Адидас на годишно ниво заработува дури 85 милиони евра.

Се разбира, овие информации се уште не се официјално потврдени, но навивачите не се премногу воодушевени, не поради Пума, туку поради тоа што сметаат дека клуб како Милан едноставно треба да има некој „поголем“ спонзорски договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета воведе практика која ги чини играчите на Арсенал илјадници фунти.

Микел Артета стана шеф на стручниот штаб на Арсенал уште во далечната 2019 година. Шпанецо…