Дома Фудбал Италија Милан над сите во Серија А после паузата

Милан над сите во Серија А после паузата

Паузата поради пандемијата одлично му влијаеше на тимот на Милан, кој потоа ја продолжи сезоната на импресивен начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Ибрахимовиќ и дружината се единствениот тим во Серија А кој немаше пораз после паузата и освои најмногу бодови.

На 12-те натпревари после паузата „росонерите“ запишаа 9 победи и 3 ремија, односно освоија 30 бода. Тоа е најмногу во Серија А, а потоа следуваат Аталанта (27), Интер (25) и Рома (25).

Вреди да се напомене дека Милан во овој период играше натпревари со Рома, Јувентус, Аталанта, Лацио и Наполи. Притоа „росонерите“ постигнаа 35 гола и се најефикасен тим во Европа после паузата поради Ковид 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…