Италијанските медиуми откриваат дека Милан донел одлука по завршувањето на сезоната да се раздели со Карлос Бака, а како замена ќе донесе голема ѕвезда во нападот.
Бака оваа сезона игра просечно и не ги задоволува критериумите на „росонерите“, па поради тоа новото раководство планира да го продаде по завршување на сезоната.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, новите сопственици веќе одредиле буџет од 150 милионие евра за засилувања, а голем дел од нив ќе бидат потрошени за врвен напаѓач.
Првата и најголема желба е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг, кој всушност и потекнува од школата на Милан, но никогаш не доби шанса на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ се спремни да платат 80 милиони евра за неговиот потпис, но проблем ќе биде жестоката конкуренција бидејќи за Африканецот се интересираат уште Реал Мадрид, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен.
Како прва алтернатива е напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората кој ова лето сигурно ќе ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Мората има искуство во Серија А каде со успех две години го носеше дресот на Јувентус и би сакал да се врати во Италија, но силен интерес за него покажува и Челзи кој е во пол позиција за неговиот потпис.
На листата за нов голгетер на Милан се уште и Алексис Санчез, Кун Агуеро и Андреа Белоти, а италијанските медиуми се сигурни дека еден од овие пет фудбалери сигурно ќе пристигне на „Сан Сиро“.