Милан во летниот преоден рок сака да донесе лев бек, кој ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.
Прв на листата желби е Нуно Мендеш. 18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти. Сепак, овој трансфер е тежок за реализација бидејќи Спортинг бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 45 милиони евра.
Втор на листата желби е левиот бек на Сантос, Матијас Виња. Уругваецот со своите одлични настапи во Копа Либертадорес го привлече вниманието на многу европски клубови, а неговата цена е околу 10 милиони евра.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го договорат трансферот што е можно побрзо.